Лицето Р.Т., викан Штекли познат криминалец кој се поврзува со низа криминални дела и се бараше со меѓународна потерница, од денеска е во затворот во Шутка, дознава Centar.mk.

Македонската полиција во соработка со српската го лоцирала во Белград и тој беше уапсен во септември минатата година, а денеска е екстрадиран во Македонија и веќе се наоѓа во затворот во Шутка.