„Она што може да го кажам во моментов е дека ќе се работи на анализи и на нова методологија на усогласување на пензиите така како што има одредени предлози на асоцијациите на пензионери. И дополнително со оглед на тоа што се наоаѓаме во енергетска криза која што најмногу ги погодува најранливите, ние веќе работиме и на анализа на дополнителна финансиска помош на пензионерите во време на криза, кое што ниво на поддршка, финансиско нормално, низ анализата треба да даде износ, за оние кои се најранливи, кои имаат најниски пензии ќе биде поголем и како што се зголемува нивото на пензиите така ќе биде нивелиран на пониско ниво за да можеме да го заштитиме животниот стандарт на пензионерите.“- изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на телевизија Сител.

„Во согласност со тоа ние веќе имаме мерки кои се однесуваат на финансиска поддршка за месечно покривање, односно субвенција на граѓаните од најранливите категории за покривање на трошоците за живот и особено за покривање на трошоците за електрична енергија, а исто така и за оние граѓани кои се од другите ранливи категории веќе имаме пакети за поддршка за нив за 1.000 денари месечно, за 35.000 семејства месечно за покривање на трошоците за електрична енергија.“- посочи Ковачевски.