„Институциите кои се во субординација на државата функционираат професионално, а резултатот се гледа шт ово краток рок, за само 50 дена успеавме да ги покачиме минималната плата, пензиите и да донесеме 26 антикризни мерки“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека на ефикасен и одговорен начин, уште од првата седница Владата се посвети на решавање на кризните состојби во државата.

„Уште од првиот ден обезбедивме снабдување со топлинска енергија за Скопје. Обезбедивме и најниска цена на електрична енергија во регионот“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Владата ја субвенционира цената на електричната енергија, со што помага на граѓаните од целата држава, а дополнително и обезбедува финансиска помош од 1000 денари месечно за 35 илјади семејства, како и помош за смеките за греење за уште седум илјади домаќинства.