„Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил по страшниот земјотрес во Турција.

„Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочуство кон Recep Tayyip Erdoğan за изгубените животи, и посакувам брзо опоравување на повредените“, вели Ковачевски во напишаното.