„Во секоја држава постојат граѓани кои имаат различно самоопределување од мнозниството. Но, различни држави различно го уредуваат остварувањето на правата. Во некои држави тие се остваруваат индивидуално, како Франција или Бугарија, а има држави каде правата се остваруваат колективно, како кај нас“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека нашето уредување е такво поради мултиетничкиот карактер на државата, каде што во Уставот се внесени заедниците.

„Доколку граѓани кои имаат свое самоопределување кое е друго, како што веќе побараа Црногорците, Хрватите и граѓаните кои се определуваат како Бугари, тогаш тоа прашање е легитимно да биде дел од процесот на внесување на Уставот“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека менувањето на Уставот е процес кој трае и за кој е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

„Кога ќе влегуваме во ЕУ ние ќе имаме уставни измени, па тогаш може да разговараме и за внесување на останатите зедници. Во овој момент не постои предлог за тоа“ кажа Ковачевски.