Премиерот Димитар Ковачевски во рамките на официјалната посета на Србија, денеска оствари средба со претседателот на српското Собрание, Владимир Орлиќ.

Ковачевски на средбата изрази задоволство од редовните контакти и одличната соработка меѓу двата законодавни дома на Србија и Северна Македонија потенцирајќи ја важноста на формирањето на двете собраниски групи за пријателство и соработка.

Исто така, беше поздравена редовната комуникација и соработка, која ќе придонесете во нагласување на важноста на улогата и одговорноста на пратениците за секоја фаза од евроинтегративните процеси на нашите две земји.

На средбата двајцата соговорници ја потенцираа важноста од решавање на отворените прашања со соседите, како и темелните реформи за доброто на граѓаните.

Конструктивни политики, почитување и унапредување на односите со соседите, се важни за европскиот напредок и просперитет на Западен Балкан.