Од денес основните прехранбени продукти се со 0% ДДВ. Малопродажните цени на лебот, брашното тип-400, млекото, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото, белиот ориз и јајцата, се намалуваат, а потрошувачката кошничка ќе е пополна, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

– Животниот стандард и квалитетот на живот на граѓаните ни е приоритет. Пакетот 26 мерки и препораки кои го донесе Владата, е стратегија која е јасно и целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза, соопшти Ковачевски.