Фејсбук статус на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски:

Заедно со вас чекориме силно и одлучно кон иднината 🇪🇺

#СДСМ од утре започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.

Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет.

Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ.

Се гледаме утре во 18.30 часот во Домот за културата во Битола.