Србија ризикува изолација од Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД) доколку не се согласи да соработува во реализацијата на француско-германскиот план за нормализација на односите со Косово.

Веста ја соопшти самиот претседател Александер Вучиќ на прес-конференција што ја одржа по учеството на владиниот состанок.

Тој рече дека странските дипломати му кажале дека доколку не го прифати француско-германскиот план, Србија ќе се соочи со блокада во евроинтеграциите, забрана за инвестиции и сеопфатни мерки, во политичка и економска смисла.

„За нас нема напредок доколку не соработуваме по ова прашање. Кога ќе бидеме пред конечните барања, Собранието на Србија и народот ќе се изјаснат“, рече Вучиќ, признавајќи дека француско-германскиот план е нова преговарачка рамка за Србија.

„Мора да го прифатите овој план, ми рекоа“, рече Вучиќ.

Вучиќ истакна дека целиот европски контекст е променет по рускиот напад на Украина.

Аналитичарите за Цивил Медиа

Експертот за политички прашања, универзитетскиот професор Милазим Красниќи од Приштина, за Цивил Медиа истакна дека Европската Унија вложила многу напори, но најмногу со она што го нарекуваме технички дијалог и резултатите не биле добри, дури и оние договори кои се постигнати и потпишани не се целосно имплементирани. Поради оваа причина, имаше голема фрустрација во Европската унија, но фрустрацијата и загриженоста се зголемија уште повеќе по почетокот на војната во Украина, бидејќи веќе се виде дека се активни руските политики за дестабилизација на Балканот.

„Како резултат на оваа свесност, Европската унија заедно со Вашингтон започнаа нова дипломатска офанзива за да ги туркаат страните кон договор. Француско-германскиот план е производ на оваа загриженост на Западот од ризикот за дестабилизација на Балканот од руските сценарија. Досега Европската унија дејствуваше со техниката на добри зборови, но не го користеше „стапот или морковот“ и поради тоа страните не мрднаа“, нагласи Красниќи.

Тој понатаму нагласи дека ова е првпат стапот да се користи против Вучиќ во овој случај и практично бил принуден да го смени ставот од отфрлање на француско-германскиот предлог во прифаќање на нацртот. Неговото синоќешно претставување пред јавноста покажува дека имало закани со санкции и изолација, дури и со повлекување на европските инвестиции од Србија.

Сега притисокот ќе биде врз владата на Курти

„Верувам дека сега притисокот ќе се сврти кон владата на Курти, посебно за формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство. Ова е меѓународна обврска што Косово ја доби со ратификацијата во косовскиот Парламент, и секако дека таа Заедница треба да се формира согласно законите на Уставниот суд во врска со договорот. Но, одбивањето е речиси невозможно, како што изјави и американскиот емисар Ескобар, кој рече дека може да се формира и без Курти. Доколку ова се деконструира, се чини дека Владата може дури и да биде соборена ако остане тврдоглава во одбивањето. Значи, ние сме во фаза кога процесот се забрзува, каде што притисокот се зголемува и во овој аспект верувам дека капацитетите на Европската унија и САД се доволни за да ги принудат Вучиќ и Курти кон договор, кој не само што ќе ја де- ескалира ситуацијата, туку всушност би создало основа за конечен договор во иднина“, рече Красниќи.

Трите опции за Косово во случај на отфрлање на формирање Заедницата на општини со српско мнозинство

Красниќи за Цивил Медиа истакна дека не е во интерес ниту на Косово, ниту на САД да се урне Владата, додавајќи дека во интерес на оваа Влада е да се умерени, да стане страна која соработува со Европската унија и Вашингтон.

„Доколку тоа не се случи, тогаш може да се случи целосна изолација на Косово, што би имало економски, политички и дипломатски последици. Друга верзија е едностраното формирање на Заедницата од страна на Србите, а како што знаете косовските институции немаат пристап таму, а третата верзија би била рушење на Владата или избори. Опциите се отворени, но она што сега е познато е дека Вашингтон и Брисел се решени да ја основаат Асоцијацијата и по нејзиното формирање да тргнат кон договор според француско-германскиот план“.

Од друга страна, Газмир Раци, советник на Едита Тахири, поранешна вицепремиерка и лидерка на косовскиот тим во техничките разговори со Србија, за Цивил Медиа изјави дека нема потреба за стравувања од спроведувањето на француско – германанскиот договор.

„Нема зошто да стравуваме од спроведувањето на договорот, бидејќи сега имаме нова ситуација, по одлуката на Уставниот суд, така што третманот на овој договор треба да биде усогласено со препораките од одлуката, бидејќи и Косово и Србија, со меѓународно присуство во 2015 година се сложиле дека што и да се случи со Заедницата, Уставниот суд на Република Косово ќе го даде последниот збор, со верификација на уставноста на договорот“.

Грвала: Заедницата на општини со српско мнозинство е мртво и не може да заживее

Заедницата на општини со српско мнозинство, во очите на министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала, е мртва, затоа што според неа, Уставниот суд на Косово утврдил дека 23-те члена од овој договор не се во согласност со Уставот на Косово, пренесуваат косовските медиуми

„Белград навистина зборува за Заедницата, но овој предлог е мртов и не може да се оживее. Уставниот суд одлучи Заедницата да не се случи. Не е можно да се најде влада во демократски свет подготвена да спроведе нешто што го прекршува неговиот устав“, рече Грвала во интервју за естонскиот медиум ЕРР.

За Грвала, едноетничкото заедница, кое Србија го бара, е решение од 19 век.

Француско-германскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија

Белградскиот весник „Данас“ го објави „европскиот предлог за основниот договор меѓу Косово и Србија“ што „го добил по дипломатски канали“, а во кој пишува дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во која било меѓународна организација”, пренесе Бета.

Како што се наведува, тоа е напишано во член 4 од вкупно десет члена.

Заедницата на српските општини не се споменува буквално, но во членот 10 пишува дека „двете страни ги потврдуваат обврските за спроведување на сите претходни договори“.

Назми Абдурахмани

извор: Civilmedia.mk