„Централното градско јадро е основен проблем на Битола. Ќе го решиме со подземна сообраќајница, со што ќе се ослобди плоштадот кој ќе биде зелен и хортикултурно уреден“ кажа кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски на дебатата на ТВ Телма.

Тој додаде дека основниот постулат во неговата програма е дека секој слободен денар ќе се користи за подобрување на инфраструктурата во градот.

„Заедно со подземната сообраќајница и електричниот јавен превоз, презентирани се и седум кружни текови низ Битола, со што ќе се олесни животот на битолчани“ кажа Кондовски.

Тој најави дека во моментов плоштадот се користи и како паркинг, а со неговото решение за подземна сообраќајница и подземен паркинг ќе се отворат над 200 слободни паркинг места.

Кондовски исто така најави дека ќе се изградат и велосипедски патеки со цел намалување на гужвите низ Битола и ќе се допринесе за уште позелена Битола.

„Улицата Индустриска, до царината, ќе претрпи целосна реконструкција со цел да се случи економски бум“ кажа Кондовски.