Цената на нафтата на светските берзи значително падна.

Во моментов нафтата од типот брент се продава за 111 долари за барел, додека вти круд за 104 долари за барел.

Доколку продолжи ваквиот тренд речиси е сигурно дека ќе има и позначително поевтинување на горивата во Македонија.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.

Во моментов бензинот се продава за 83.5 односно 85.5 денари за литар додека дизелот чини 87,5 денари.