„Доколку сте толку многу загрижени за господинот Фадил Зендели, отстапете му вие едно место во Комисијата за избори и именувања, повлчете еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ѝ рече пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева на нејзината колешка од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Калеска-Ванчева изјави дека флуктоации и промени на членовите во комисиите и работните тела во Собранието имало и ќе има, но дека принципот на застапеност во нив треба да остане, согласно Деловникот.

Таа ја критикуваше опозицијата дека од една страна вели дека сака да остане принципот на застапеност, а од друга страна не дозволува тој да се преслика во Комисијата за избори и именувања.

„Опозицијата сака да го искористи овој момент, за да имаат мнозинство во Комисијата, злоупотребувајќи го Деловнико“ изјави Калеска-Ванчева.