„Се инспириравме овие денови по повод многуте информации за Планот за раст. Што е вистина, што не е, кој како го сфаќа. Има еден мит што го шири ВМРО-ДПМНЕ дека само по изборите чека Европската Унија да ни даде милијарда евра и тие милијарда евра да ги потрошиме како сакаме и за што сакаме за да економски заздравиме и за да продолжиме и понатаму со реформите без да исполниме никакви услови. Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ ја занемарува потребата од реформи. Планот за раст е многу повеќе од тоа. Има и политички димензии и димензии на развој на човечки капитал, зелена агенда, управување со јавната администрација, дигитализација и владеење на правото, деловно опкружување и многу други аспекти“, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на Економски подкаст „Планот за раст, реформите предуслов за ЕУ фондовите и социјалните политики“.
Тој додаде дека СДСМ е еден од иницијаторите на идејата за Планот за раст.
„Сме го барале ова долго време да го направи Европската Комисија, да ни даде конкретни придобивки за граѓаните, уште пред да станеме членки на Европската Унија. Со еден четиригодишен реформски план да реализираме сериозни реформи до 2027 година, да добиеме сериозна финансиска помош којашто ќе биде расчленета на секои шест месеци со перформансот односно учинокот на спроведување на реформите и спроведување на конкретни и зрели проекти коишто ќе бидат видливи и корисни за граѓаните. Тоа е на кратко идејата на планот за раст“, посочи Маричиќ.