Јетон Шаќири ја презеде функцијата министер за образование и наука од Мила Царовска.

“На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата” – истакна Царовска на нејзиниот фејсбук профил.