Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во понеделник, 24.10.2022 година ќе потпише Работен договор за соработка меѓу двете институции со Eвропската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси.

Официјалното потпишување на документот ќе се одржи во седиштето на Европското јавно обвинителство во Луксембург во 12:00 часот.

На потпишувањето ќе присуствуваат и јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија Џељаљ Бајрами и вршителот на должност шеф на Мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ Миле Прангоски.