На 03.06.2026 околу 17:00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишија од слобода У.О.(46) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарното возило со приколка кое го управувал.
Тој е задржан во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...