Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово денеска на прес-конференција во центарот на Куманово изјави дека граѓаните на овој дел од градот ќе добијат нови фасади на зградите.

Илиевски рече „Во центарот на градот се сконцентрирани и повеќе станбени објекти, дел од нив се нови, но поглемиот дел се постари згради изградени уште во минатиот век. Истите се со истрошени фасади и оставаат грда слика.

За таа цел, предвидуваме санација и обновување на фасадите на станбените објекти на улиците Народна Револуција, Среќко Пужаљка, Ленинова, Тодор Велков, плоштад Маршал Тито. Заедно со спојување на двата плоштада во едно модерно градско шеталиште, овие објекти ќе ја надополнат сликата за центарот на градот, во едно убаво место за живеење, онака како што прилега за еден модерен и европски град.„