Покажавме што значи градежна инвазија, истакна кандидатот за градоначалник на Кочани, Николчо Илиев на трибината на СДСМ во градот. Тој кажа дека е горд што Кочани е првата општина што успеала да се раздолжи и сега е во ликвидна состојба.

-Нашите противници ги испарија парите на граѓаните, но треба да одговорат зошто вреќата цемент ја плаќале 600 денари, а чини триста денари. Ништо не им е поважно од личниот интерес, кажа Илиев.

Тој додаде дека милионските долгови во образованието се сведени на нула и откри дека целиот досегашен мандат се натпреварувал самиот со себе, за да регистрира што повисока стапка на реализација на капитални инвестиции.

-Изградивме градинка, но сега ќе градиме дом за стари лица. Досега вложивме три милиони евра во туризмот, а сега ќе градиме ски центар на Царев врв. Проектираме во градот и катна гаража, мост, нови патеки, нагласи Илиев.

Кандидатот на СДСМ вели дека 80% од веќе реализираните проекти не биле дел програмата, а голем дел од нив, меѓу кои и патот Кочани-Пониква, но и други, биле реазлизирани со помош на централната власт.

-Анкетите покажуваат победа и победуваме во првиот круг, заклучи Илиев.