Заменикот министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска и министерот за здравство д – р Фатмир Меџити беа присутни на настан организиран по повод одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза. Настанот беше во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза.
„Министерство за труд и социјална политика е одговорно за креирање и спроведување на социјалната и трудовата политика и во таа насока секогаш сме водени од премисата на подобрување на секојденвниот живот на лицата кои се соочуваат со свои предизвици , како што се и лицата со мултипла склероза“ рече Хусејин.

Тој посочи дека Министерството за труд и социјална политика во следниот период ќе организира серија на јавни презентации за новиот модел на проценка на попреченоста , а кон обезбедување на право на вработување.
„Развојот на инклузивната и отворена трудова политика, особено во делот за вработување, се клучен елемент за унапредување на квалитетот на живот на секој од нас, а директно влијаат на намалување на сиромаштијата. Новиот модел на проценка ќе обезбеди покрај можноста за поддршка на вработувањето на отворениот пазар на труд и надополнување на системот на упатување и обезбедување на рехабилитацијата во насока на квалитетен и сигурен независен живот“ рече Хусејин.
На крајот од обраќањето заменик министерот им го честита денот на сите кои се соочуваат со оваа состојба и истакна дека тие се особено храбри луѓе. Тој посочи дека отвореноста за гласно и храбро говорење за личната здравствена состојба е голема доблест и истакна дека таквите лични приказни се секогаш инспирација за другите.