ТППЕ Штип во период од 17:35 до 20:10 часот, имала интервенција на запалена борова шума и сува трева на потегот од филтер станицата кај населбата Баби до м.в. Мирјанина Црква во Штип.
Во гаснењето на пожарот учествувале 12 пожарникари со 5 ПП возила, 20 доброволци од ДПД-Штип со 4 теренски возила и 2 квадрицикли, 20 луѓе од месното население, 2 трактора, 2 скип машини и подршка од 2 авиона „Ер трактори“ на ДЗС.
Пожарот е локализиран и на местото на настанот е оставена дежурна екипа на ТППЕ Штип.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...