Полицијата денеска уапси повеќе дилери во кавадаречко и неготинско, дознава од извори во истрагата.

Разбиена е криминална група која оперирала во овие две општини, а акцијата е се уште во тек. Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат за утре, по завршувањето на акцијата.