На 18.10.2022 полициски службеници од Полициската станица Радовиш во дворот на Е.Г.(34) од село Бучим, радовишко, пронашле и одзеле огревни дрва за кои сопственикот не поседувал соодветна документација.

Од вработени во Шумска полиција – Радовиш дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.