„Лажна вест е дека се менува песната ‘А бре Македонче’. Кога дедо ми Оцка ја пишувал песната ‘А бре Македонче’, оригиналната верзија е со стихот ‘денешните тирани’“ рече Гордан Георгиев, внук на Ордан Михајловски – Оцка во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека песната доживува промени по смртта на Оцка во 1942 година и дека хорската верзија која се пееше на 11 Октомври во Куманово ја пејат сите хорови од седумдесетите години.

„Оваа верзија, за која се тврди дека е изменете, е од седумдесетите години од Драган Шуплевски и таа верзија ја пејат сите хорови“ рече Георгиев.