Од вечерва има нови цени за горива во земјава и регионот откако цените на светските берзи повторно растат. Согласно најновите корекции сеуште плаќаме најевтин дизел во регионот и покрај зголемувањето од 4 денари кое го најави Регулаторната комисија за енергетика. Споредбените податови со земјите во регионот покажуваат дека најска дизел се точи во Грција или 1,99 евра за литар а најевтин во Македонија или 1,31 евро за литар. По Македонија, најевтин дизел има во Босна каде чини 1,39 евра за литар, па следи Бугарија со 1,46 евра и Србиај со 1,52.

За да спречи енормно зголемвуање на цената на горивата, Владата ја намали акцизата за горивата и ДДВ за енергенси од 18 на 10%.