Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, рече дека без европско правосудство не може да се врати довербата на граѓаните во државата и дека системските слабости и партизацијата ја разградуваат довербата во институциите.

Осврнувајќи се на состојбата во правосудството, Филипе посочи на бруталната партизација од страна на власта, не само во правосудството, туку на секое ниво во државата.

„Може ли да се врати вербата во правосудството? Не може без Европското правосудство. Не веруваат луѓето повеќе. Проблемот е подлабок и се однесува на целокупниот систем, а причините за ваквата состојба, се бруталната партизација којашто продолжува на секое ниво.“

„Ние можеме до утре да дебатираме за вредностите на Европска Унија, за тоа како ќе ги вратиме вредностите општествени. Нема да ги вратиме без ова. Ќе биде уште полошо и уште повеќе ќе се иселуваат младите и нема да гледаат шанса тука. Не поради стандардот, туку поради тоа што немаме систем и никој не верува веќе дека може да го воспоставиме.“, потенцираше Филипче.