На 30.11.2022, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го привеле А.Ѓ.(18) од с.Немањици, светиниколско, затоа што околу 15.00 часот на место викано „Тоољ“, атар на с.Мечкуевци, светиниколско, по претходна расправија и меѓусебна физичка пресметка, со дрвен предмет го нападнал Л.Ј.(66) од Пробиштип и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

По комплетирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.