И покрај блокадите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, овие четири години инвестиравме во секое населено место во општината, направивме огромна разлика, покажавме како се работи чесно и посветено, порача вечерва носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Александар Димитријевиќ во Гази Баба.

„Листата која јас ја водам има имиња на ваши соседи и пријатели, кој сите овие години се бореле и дале се од себе Гази Баба да биде подобро место за живеење.

Пред вас стојам и ја барам поддршката за мнозинство во Советот. Поддршка за да имаме функционален Совет, кој води напред, а не враќа назад. Совет кој носи развој, а не Совет кој назадува.

Совет кој работи во интерес на граѓаните, а не на партијата. Совет поддршка за Борче, но и реален критичар и коректив на градоначалникот.

Нашата досегашна работа е наш гарант дека овие проекти можеме и сакаме да ги направиме. Гаранција за тоа е Борис Георгиевски, градоначалник кој со посветена работа покажа дека може поинаку.

Ајде заедно да го направиме најдоброто за Гази Баба и да гласаме за број 12 на 17 октомври“ повика Димитријевиќ.