Шпанската тинејџерка, која по речиси 20 години откри дека по грешка е заменета откако се родила во родилна болница, одлучи да ја тужи здравствената институција за 2,9 милиони евра.

Грешката е утврдена во 2017 година, откако таткото на деветнаесетгодишната девојка побара ДНК тест за време на дискусијата за алиментација, кога беше откриено дека таа не е поврзана со семејството со кое пораснала.

Потоа се покажа дека во 2002 година, таа била заменета со друго бебе родено со пет часа разлика во болница во северниот шпански регион Риоха. Двете бебиња беа сместени во инкубатори бидејќи се родени со пониска тежина.

Здравствените власти рекоа дека станува збор за случајна човечка грешка и дека ќе ја почитуваат секоја одлука што ќе ја донесе судот.

Адвокатот на девојчето Хозе Саез Морга вели дека поднел тужба во име на неговиот клиент за немерливата емоционална штета предизвикана од грешка на работникот во родилното одделение.

Шефот за здравство во регионот Риоха, Сара Алба, им рече на новинарите дека тоа е човечка грешка и дека не е можно да се утврди кој е вистинскиот виновник.

„Системот во тоа време беше поинаков и не беше компјутеризиран како што е сега“, рече Алба.