Припадници на Министерството за внатрешни работи во Смедерево ja уапсија Д. М. (21) од Смедерево, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело запоставување и злоупотреба на малолетно лице.

Според соопштението кое го објави српската полиција таа е осомничена дека го оставала своето двегодишно дете само неколку по дена во заклучена куќа.

Мајката ќе биде во притвор до 48 часа, по што заедно со кривична пријава ќе биде донесена до основниот јавен обвинител во Смедерево.