Делегација на Град Скопје положи цвеќе по повод Илинден
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Делегација на Град Скопје положи цвеќе по повод Илинден

По повод големиот државен празник Денот на Републиката – 2 Август, Илинден на кој се одбележуваат 77 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и 118 години од Илинденското востание, делегација на Град Скопје, денеска (2.8.2021 година), положи цвеќиња на повеќе споменици во градот.

Официјалната делегација на Град Скопје, составена од членовите во Советот на Град Скопје, Анета Стојановска-Стефанова, Бранко Георгиевски и Михаела Иванова, положи цвеќиња пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“, пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“ и пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија.

Цвеќиња пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, на АСНОМ и на Никола Карев, положија и делегации од Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, ГШ на Армијата на Република Северна Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политичките партии, на дипломатскиот кор, како и на здруженија на граѓани и на организации.

Можеби ќе ве интересира...

Приведен крадец за издржување на затворска казна од 22 месеци

Vesti +

СДСМ: Цените повисоки за 9% а минималната плата повисока за 100%

Vesti +

Список на земји со највисоки IQ резултати во светот; Први се Јапонците, Хрватите на 37 место, а Македонија дефинитивно непријатно ќе се изненади од својот резултат!

Vesti +

ЕДНОСТАВЕН ТРИК – Постои начин секогаш да знаете дали месото е свежо или не

Vesti +

63 санкционирани возила со кои се врши јавен превоз на територија на цела држава

Vesti +

Убиство го потресе Кичево – МВР ги соопшти деталите за трагедијата

В+