Можеме ли утре да очекуваме поевтинување на горивата, откако цената на нафтата од типот брент се стабилизира на околу 110 долари во моментов, пишува Biznispro.com.

Претходните цени на горивата беа конфигурирани откако цената на барел нафта скокнаа и до 130 долари за барел.

Во моментов нафтата од типот Брент се продава по 110 долари, додека американската WTI по 106 долари за барел.

Утре Регулаторната Комисија за Енергетика би требало да ја оддржи својата редовна седница на која ќе ги утврди цените на горивата за следната седмица.