Четврток е неработен ден, а за празниците ќе се изнауживаме – Еве ги сите неработни денови за празниците
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈА

Четврток е неработен ден, а за празниците ќе се изнауживаме – Еве ги сите неработни денови за празниците

Време е да започнеме да ги планираме деновите кои се паѓаат во празници, да го искористиме максимално слободното време кое ќе го имаме во големиот број неработни денови кои што ја очекуваат нашата земја во 2023.

8 декември 2022 (четврток) “Св. Климент Охридски” е првиот неработен ден што ни доаѓа, а последниот неработен празник за сите граѓани оваа 2022 година.

За оваа година граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 25 декември 2022 (недела), првиот ден на Божик и за граѓаните припадници на турската заедница неработен ден ќе биде и 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Додека во јануари 2023 за сите граѓани на Македонија ќе бидат следните денови:

01 јануари 2023 (недела) Нова Година, 02 јануари 2023 (понеделник) е неработен ден; 07 јануари 2023 (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар.

За православните верници има и дополнителни неработни празници:

Бадник кој се паѓа во петок на шести јануари 2023, Богојавление Водици на 19 јануари 2023 во четврток.

Уживајте во празниците што доаѓаат!

Можеби ќе ве интересира...

Жена нападната по случена сообраќајка

В+

Спасовски: Институционален приоритет е сообраќајната инфраструктура и подобрување на капацитетите во насока на безбедност на патишта

Vesti +

Надуеност и гасови – Што ги предизвикува и како да ги спречите?

Vesti +

Ковачевски: 2023-та нема да биде изборна година, скринингот на ЕУ нема да прекине

Vesti +

414 санкции за брзо возење

Vesti +

Невреме во Македонија – Метеоролозите со детална прогноза за следните денови

Vesti +