Идиличните летни ноќи можат да ги уништат само комарците. Не треба да трошите големи суми пари на разни хемикалии за да се заштитите од нив. Направете си производ со пријатен мирис, безопасен и без хемикалии.

Ако живеете во куќа, засадете растенија од маточина, лаванда, босилек, нане или жалфија. Мирисите на ова растение ги одбиваат комарците. Добра замена за овие растенија, доколку живеете во стан или немате време да се занимавате со градината, се средствата за есенцијални масла кои можете сами да ги направите.

Состојки:

250 мл вода

5 капки есенцијално масло од еукалиптус

5 капки есенцијално масло од лимон

10 капки есенцијално масло од цитронела

Постапка:

Ставете вода во теглата, а потоа додадете ги препорачаните дози на етерични масла.