Наскоро ни доаѓаат комарци, а доколку сакате да се заштитите без употреба на силни хемикалии од овие напади, ве советуваме да ги засадите овие растенија од кои бегаат комарците.

Невен
Цветот на ова растение се користи како чај, а е состојка во многу креми за убава и здрава кожа. Чајот од невен ги елиминира дигестивните проблеми и ги опушта крвните садови, а комарците не го сакаат неговиот мирис.

Ако имате градина, засадете невен.

Жалфија
Незаменлива во секоја домашна аптека, жалфијата се користи за плакнење на усната шуплина и грлото, ги елиминира симптомите на болки во грлото, ги смирува воспаленијата и му помага на телото да се бори против инфекциите.

Жалфијата се користи во јадења за кои е потребен силен вкус и арома, а комарците не ја сакаат таа арома. Одгледувајте жалфија во саксија во близина на прозорец низ кој можат да влезат комарците.