Популарната апликација за пораки тестира нова опција која ќе ја блокира можноста за правење слики од екранот.

Популарната апликација за пораки на Мета доби нова интересна опција во својата најнова бета верзија, која барем засега работи само на iOS.

Откако корисниците ќе се обидат да го снимат екранот на пораката на која е вклучена опцијата „Види еднаш“ (се брише откако ќе се прочита), ќе добијат заматена слика што спречува содржината да се архивира, додавајќи дополнителен слој на заштита.

Доаѓањето на оваа опција, како и сето она што го гледаме во бета верзијата, не е загарантирано, иако има големи шанси всушност да ја видиме – особено откако Марк Цукерберг лично потврди дека Мета ќе работи на безбедносните опции во WhatsApp.