Беќаровски: Синофарм е идеална вакцина за сите што прележале Ковид-19, но има две маани
Vestiplus.mk
+КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Беќаровски: Синофарм е идеална вакцина за сите што прележале Ковид-19, но има две маани

Докторот Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил сподели неколку факти за ефиканскоста на вакцините.

„Овие денови една студија спроведена кај нашиот северен сосед предизвика многу дилеми и стравови кај нашите граѓани кои сублимирано имаат еден заеднички именител: „Дали кинеската вакцина е ефикасна?“.

Еве неколку факти, а заклучоците изведете ги сами.

1. Sinopharm и Sinovac се единствените „прави“ вакцини, во широка употреба, направени на стариот начин, на кој се произведуваат стотина години наназад, со „умртвување“ на вирусот, кој потоа се вбризгува во нашето тело и го „буди“ КОМПЛЕТНИОТ наш имунолошки систем.

2. Ниту една вакцина во историјата на човештвото не успеала да биде 100% ефикасна, бидејќи човекот не е машина и нема две идентични индивидуи (освен ако некаде во некоја лабораторија не е направен клон). Производителот на Sinopharm декларираше ефикасност од околу 66-80%, а сличен резултат објавија и нашите новосадски колеги. Што точно значат овие бројки?

– Од 100 вакцинирани со вакцинава, ако сите дојдат во контакт со голема количина на SarsCov-2 вирусот, 80 кои имаат веќе „наоружана војска“ ќе го убијат вирусот пред да влезе на нашата територија. Што ќе се случи со останатите 20? Кај нив вирусот ќе успее да освои мал дел од територијата, но организмот ќе успее веднаш да ја активира својата „цивилна одбрана“, бидејќи веќе има мемориска информација за непријателот и по краткотрајна борба, организмот ќе ја добие војната.

– 100 невакцинирани ако дојдат во контакт со голема количина на вирусот 20 ќе успеат да го совладаат вирусот уште на „самата граница“ а кај 80 тој ќе навлезе во територијата. 60 ќе успеат со релативно мали „жртви“ да го совладаат, но кај 20 ќе создаде сериозни или катастрофални последици, кои ќе бараат долготрано лечење и голем процент на постковидни секвели. За жал, тројца ќе ја загубат војната.

3. Ако веќе научно се докажа дека „синтетските вакцини“ за ковид, како Pfizer, AstraZeneca, Modetna, Sputnik V, создаваат хуморален и клеточен имунитет https://www.news-medical.net/…/PfizerBioNTech-and… тогаш повеќе од сигурно е дека и Sinopharm, која е од цел вирус го буди целуларниот имунитет.

4. Ако истражувањето од Србија сугерира единствено намалена ефикасност на околу 60% кај популацијата над 60 години, кај нас за среќа оваа популација главно беше вакцинирана со AstraZeneca.

5. Се докажа и покажа дека оваа вакцина е идеална за сите кои го прележале вирусот.

6. На Сејшелските острови, каде сите се вакцинирани со оваа вакцина, факт е дека има благ пораст на позитивни, но има драстичен пад на хоспитализирани и драматичен пад на починати.

7. Ако Pfizer, Moderna, AstraZeneca, излегоа со студии дека нивните вакцини се безбедни за доилки и трудници (иако јас лично никогаш не би препорачал вакцинација до крајот на третиот месец од бременоста) тогаш оваа вакцина и без испитувања сигурно го исполнува тој критериум.

8. Ако се плашите од новите вакцини дека можеби ќе предизвикаат автоимуни заболувања или генетски модификации, тој страв со оваа вакцина е комплетно неоснован.

Кои се двете најголеми мани на оваа вакцина?

1.Двојно подолгиот период потребен за создавање на комплетниот имунитет.
2. Цената, бидејќи оваа вакцина поради нејзиниот состав мора да биде најскапа“, напиша Беќаровски.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Овие 2 знаци ги чека ОГРОМНА ДОБИВКА во април: Се се менува наеднаш, има можности кои не се пропуштаат!

Астрологијата ни открива многу работи, а сега открива и дека овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во наредниот месец. Овен Генерално, оваа година е среќна за Овните, а тие особено ќе ги почувствуваат придобивките на финансиски план. Планетата Јупитер, која владее со среќата и богатството, се наоѓа токму во Овен,... Прочитај повеќе...

Ова се најочигледните знаци дека вашиот мобилен телефон или компјутер се заразени со вирус

Паѓањето на програмите и апликациите е знак дека нешто не е во ред. Постојат неколку знаци кои укажуваат дека вашиот мобилен телефон или компјутер е заразен со вирус или злонамерен софтвер, а во продолжение прочитајте некои од најочигледните.. 1. Бавен уред кој брзо се загрева Во случај вашиот уред да... Прочитај повеќе...

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза за до крајот на неделата – Следува драстична промена на времето

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 70км/час). Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови ветерот ќе го... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Бочварски и Битиќи ќе се обратат на „Вториот македонски конгрес за патишта 2022“

Vesti +

Украина има нови вести за Чернобил и тоа не се добри

В+

Приведен криумчар, пронајдени 6 лица мигранти

Vesti +

Граѓаните да не се плашат: Вечер ќе има пукање во Скопје

Vesti +

Николовски од Крива Паланка: СДСМ инвестира во развојни проекти, за граѓаните, најголемата инвестиција за еколошка енергија вредна 500 милиони евра ќе биде во североистокот

В+

Од 1 декември очекувам пониски цени на лебот и млекото од 5 до 12 отсто

Vesti +