Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, се извини за тоа што САД го напуштија Парискиот договор за климатски промени за време на мандатот на неговиот претходник Доналд Трамп.

За време на своето обраќање на 27-та климатска конференција на ОН, што се одржува во Шарм ел Шеик, Египет, Бајден рече дека климатската криза е поврзана со човештвото, економијата, животната средина и националната безбедност. Тој потсети и како неговиот претходник Трамп се повлече од договорот.

– Штом ја презедов функцијата, се вративме на договорот. Одржавме големи самити за климата. Жалам што еднаш се повлековме од овој договор – рече Бајден.

Тој додаде дека прават се што можат за да обезбедат САД да ги постигнат своите цели за емисија на јаглеводороди до 2030 година. Бајден изјави дека руско-украинската војна, исто така, ја покажа потребата од што поскоро прекинување на зависноста од фосилните горива.

Тој најави и 150 милиони долари помош за африканските земји во борбата против климатските промени. Кога Бајден се приближуваше кон крајот, група активисти почнаа да протестираат против фосилните горива.

По интервенцијата, Бајден накратко го прекина говорот, а демонстрантите беа оддалечени.