Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски за Агротим изјави дека ситуацијата со африканската свинска чума во државава е стабилна, а рестриктивните мерки се на сила само во Куманово. Во останатите општини, откако ветеринарната инспекција ќе изврши категоризација дали фармата е со низок или со среден ризик, може да се почне со репопулација.

„Повторното одгледување на свињи е можно, дури и се препорачува, бидејќи одгледувачите на свињи се дел од нашата месна индустрија. Оние кои не ги исполнуваат условите, не можат да вршат репопулација. Мораат прво да ги подигнат стандардите во одгледувалиштата и да дојдат барем до категоријата фарми со среден ризик.“, објасни Бабовски.