„Не значи дека ако Бугарија крши одредени човекови и малцински права, дека сега треба и ние да го правиме истото. Барем во почитувањето на човековите и малцинските права ние сме пример во регионот, кој е препознаен и признаен“ изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Ацевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека градењето на демократското и граѓанско општество кое што сме го избрале, не треба да го редифинираме и рестартираме поради тоа што се случува во Бугарија.

„Бугарија треба да работи и да гради општество, да ги почитува Резолуциите кои ги потпишале, како и Конвенцијата за национални права. Но тоа не значи дека ние треба да се враќаме и да употребуваме реваншизми и да нарушуваме одредени граѓански права во земјава“ рече Ацевски.

Експратеникот на СДСМ рече дека е против реципроцитет и нарушување на правата на македонските граѓани, само поради што тоа се случува во некоја друга држава.