Утре (13.08.2024, вторник) ќе се одржи одбележување на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

-По тој повод со почеток во 13:00 часот во свечената сала во владата на Република Северна Македонија ќе се одржи Свечена седница на која ќе се обратат:

• Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија

• Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, министер за животна средина и просторно планирање.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук и Јутуб каналот на Владата, извести Владата на Република Северна Македонија.