Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (26/27/28.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 16 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.