СДСМ со соопштение реагира на повиците на ЗНАМ до членовите на партијата да се приклучат кон ЗНАМ. Тие велат дека за неколку фотељи Димитриевски станал слуга и пролдожена рака на Мицкоски и дека тој Тројанскиот коњ за поделба на СДСМ кој веќе е откриен.
„Максим Димитривски за неколку фотељи и градоначачлничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски. СДСМ не го плашат ќорците на Максим Димитриевски и повиците за поделба на партијата. СДСМ е единствената вистинска опозиција која ќе се бори со сите сили за да се спречува штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ. Сега веќе работите се јасни а тројанскиот коњ Димитриевски е откриен. Брзо ќе се соочи со реалноста и гневот кој го насобра од членовите на СДСМ„ -велат од СДСМ
Тие додаваат дека Димитриевски замолчел како мало дете пред Касами а неговите изблици на лажен патриотизам биле замолчани уште првата недела од неговото слугување на Мицкоски.
„Толку беше од чукањето во гради и лажните закани дека ќе ја напушти владата во обид да го намали срамот“ – заклучуваат од СДСМ