На 19.06.2024 во 14.43 часот во ОВР Валандово било пријавено дека во с.Марвинци и с.Грчиште, валандовско, настанал пожар на сува трева и нискостеблеста шума и две трла за овци со складирана храна за стока.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Валандово, а повредени лица нема, соопшти СВР Струмица.