Во текот на вчерашниот ден, околу 14:43 часот, Полициската станица во Струмица прими пријава за пожар во дворното место на ЈЗУ Општа болница – Струмица. Според соопштението од СВР Струмица, пожарот зафатил сува трева и гранки кои биле насобрани околу метален контејнер во дворот на болницата.
Вратата на контејнерот била отворена, што овозможило огнот да зафати дел од стара книговодствена документација сместена внатре. Нема повредени.