На 17.06.2024 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Гостивар – с.Вруток, во с.Здуње, патничко моторно возило „џип“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.С.(58) од гостиварски Вруток, удрило во А.Ш.(61) од гостиварско Врбјани, извести полицијата.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од Медицински центар Гостивар. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.