„Процесот на пристапување во ЕУ го започнавме во 2001 година. Со Охридскиот рамковен договор бевме позитивен пример не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа. Четири години подоцна иамвме кандидатски статус. Тоа беше чудо за регионот“ рече поранешниот премиер Владо Бучковкси на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.
Тој додаде дека позитивното искуство за градење на мултиетничко општество беше македонски модел за тоа како се гради функционално мултиетничко општество во регионнот.
„Но во 2006 годиан се смени владата. Новата влада на Груевски ја провоцираше Грција и 11 години Северна Македонија беше изолирана се додека Зоран Заев и Алексис Ципрас не направија историски чекор напред“ рече Бучковски.
Тој додаде дека со примерот на Преспанскиот договор се даде позитивен пример за регионот и за Европа.