На 02.03.2023, полициски службеници Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З.(29) с.Ново Село, општина Зелениково.

При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „Escort Magnum“, еден ловечки карабин „Ceska Zbrojovka“ со оптички нишан, 30 куршуми и шест ловечки патрони, кои ги поседувал без дозвола.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.