„Се прават напори за помош на компаниите, пред се за компаниите од прехранбената индустрија, бидејќи тие таргетираат основни производи. Размислуваме за различни мерки, од кои една е фиксна цена на струја од до“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека Владата ќе е во можност во текот на оваа година да одговори со таков пакет помош за стопанството.

„Преговараме со компаниите и тоа нема да е мерка само за еден месец, туку со некоја извесност од некоклу месеци, колку што е тоа можно во ваков период“ рече Битиќи.

Тој додаде дека Владата е подготвена да го поддржи стопанството со цел да се спречи економијата да влезе во рецесија и да се загубат илјадници работни места.