Денес се регистрирани 310 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 305.423- Оздравени се 355 пациенти – пријавени се 6 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 180, Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.

Регистрирани сe 355 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Битола – 26, Кавадарци – 19, Охрид – 16, Прилеп – 12, Куманово – 11, Штип – 9, Велес, Делчево и Кичево – по 8, Неготино – 6, Гевгелија, Кочани и Демир Хисар – по 4, Тетово, Струмица и Ресен – по 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Крива Паланка – по 2, Валандово, Кратово, Свети Николе, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 4 починати лица од: 2 починати лица од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 год.

Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.776 тестови преку: ИЈЗ-297, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-53, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–114, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-108, Биотек-176, Систина-70, лабораторија Лаор-65, Синлаб-9, Ремедика-18, Плодност-20, Генеа-13, Никоб Лаб-202, ВФВ Медикал-33, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.258.

Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782.