Украина денеска соопшти дека повторно ги отвора хуманитарните коридори и ги евакуира цивилите од областите зафатени од војна по еднодневната пауза поради, како што Киев ги нарече можни руски „провокации“.
– За денеска се договорени три хуманитарни коридори – изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук во видео изјава објавена на Телеграм.
Таа го објави ова еден ден откако го објави нивното затворање, повикувајќи се на разузнавачки извештаи.